Историја

Колбико Инженеринг во своето портфолио има повеќе од 150 изградени објекти.

Колбико инженеринг е основана во далечната 1993 година, кога изведува градежни работи за инвеститори, не само на територијата на Македонија, туку и во Хрватска.

Десет години подоцна, почнувајќи од 2003 година, Компанијата започнува да инвестира во сопствени објекти, почнувајќи од изработка на проекти до целосна реализација односно изградба на објектите. Во својата 28 годишна работа Колбико Инженеринг во своето портфолио има повеќе од 150 изградени објекти.

Нашата мисија

Традиција на извонредност

Колбико Инженеринг е архитектонско-градежна компанија од 1993 година, синоним за квалитетен станбен и деловен простор потполно прилагоден на барањата на клиентите за удобно и функционално живеење, по пристапни цени.

30

години

Нашиот стремеж е насочен кон постојано надградување.

Проектирањето, изведбата и продажбата на станбени и деловни објекти е во фокусот на нашата мисија. Успешната приказна која Колбико Инженеринг ја гради веќе 30 години се темели на посветената работа на тимот составен од врвни архитекти, градежни инженери и други градежно оперативни учесници во процесот на создавањето на ВАШИОТ ДОМ. Следејќи ги потребите на нашите клиенти, нашиот стремеж е насочен кон постојано надградување. Со секој нареден проект, целиме кон повисоки дострели во полето на архитектурата и градежништвото. За нас зборуваат искуствата на нашите клиенти, кои не случајно, при наредната потреба од стан или локал, се одлучуваат повторно за Колбико инженеринг.
НИЕ нудиме сигурност, потврдена преку употреба на иновативни техники во градењето на објектите и употреба на високо квалитени материјали од проверени производители. Нашите објекти се со ефикасна звучна и термичка изолација, како и со одлична сеизмичка стабилност која нуди квалитетна градба. Ние нудиме сигурност, потврдена преку високиот рејтинг кој го имаме во деловниот и банкарскиот сектор, што дополнително влијае на довербата на клиентите кон проектите / објектите кои ги пласираме на пазарот на недвижности.

Работете со нас

Со вас од 1993 година!

Телефонски броеви

Нашиот e-mail

Авторски права © 2022. Сите права се задржани.
Made with ❤ by AMA